Насекаде по кафиќите се слушаа простачките стихови на кои сите лудуваа, а земјата веќе го достигна духовното дно.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа дело предизвика потрес: Земјата веќе не беше центар на светот. Тоа е познато.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Веќе почнува да нѐ фаќа она љубопитство, или нетрпение, земјата веќе да смени.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Неговата земја веќе десет години официјално беше Австралија, а македонски зборуваше само еднаш месечно, по телефон, кога во ниедно време меѓу денот и ноќта, заради разликата во времето, ќе се јавеше да ја праша мајка му како се.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Му велам да се наведне тоа не ќе му е тешко зашто земјата веќе го пивикува.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дури и одењето по земја веќе за мене е подвиг; одвај ја одржувам рамнотежата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Клунестите птици ја почнуваа својата љубов со првата топлина, високо, на еден простор кон кој човекот само со поглед се движи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По земјата веќе се тетеравеа сонливи мравки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја земам секирата. Му велам да се наведне, тоа не ќе му е тешко зашто земјата веќе го повикува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)