земја (имн.) - крвав (прид.)

Сам ли си Беаз-куле срамен, низ земјава крвава, та свивуеш срце од камен во морската долбина?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Гранки фрливме врз нив ветените за крунисување пред олтар... врз гранките земја крвава и ја притегнавме со крш - камења ко вечен запис што во времињата сегашни и идни ќе ги мијат дождови и ветрој ќе ги сушат, ќе ги топлат воздишки и во бели зори ќе болснуваат ко бисер што болснува на гради момини...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)