земја (имн.) - кој (имн.)

Тоа е најбројната категорија во земјава која спие до 12 и чекајќи да им падне работа од Господа го чекаат своето подобро утре без ништо да променат во својот живот, а потајно надевајќи се дека курајберите и ебиветерите некогаш ќе се смилуваат и ќе им го променат нивното статус кво.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во неколкуте години живот во Франција, во земјата која катарзира низ литературата, земја во која читањето е и еден вид колективна молитва на голем дел од населението, забележав дека читателот во вашата земја има своја стабилна индивидуалност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме прашувате дали го познавам Франсоа Масперо и дали сум ја читал неговата книга Балкан-Транзит.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев еден од последните амбасадори на земјата што повеќе нема да постои, за по десет години да се вратам од мисијата во Франција, претставувајќи ја Република Македонија, десеттиот дел од земјата која некогаш постоеше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев уверен дека е така! Така и беше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше незаобиколна личност во Тунис, земјата која неочекувано доби силно меѓународно политичко значење во регионот, особено поради палестинското присуство и присуството на Арапската лига.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Незаборавната средба со Лакхдар Браими ја имав меѓу првите во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како самото пишување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако отпи од зелениот чај во чашката, позлатена на горните рабови, смирено ми рече: - Мене ми е блиска земјата која ја претставувате, таа е дел и од моето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Литературата веќе беше свртена страница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа подоцна се уверив кога се вратив од мисијата во земјата која ја претставував, во Југославија, за конечно да го поднесам својот палестински извештај на некој начин раздолжувајќи се, барем официјално со палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинското прашање првин се маргинализираше во земјата која ја претставувув, тогаш сета во грч од силните внатрешни националистички и дезинтегративни детонации, зајакнати и од почетоците на крајот на биполарната епоха...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас ја бев загубил земјата која ја претставував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој се беше вратил од Тунис во Алжир и беше станал министер за надворешни работи на својата земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми се поставуваа нови загатки за разврска многу, многу време по моите дипломатски години, по мисијата во земјата која не постоеше, во земјата која се мачеше да постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие не беа никогаш разединети, останаа засекогаш заедно...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)