земја (имн.) - му (зам.)

Магарето успеа некако да се зачепи со предните нозе на брегот од коритото, напна да излезе, но меката земја му се срона под нозете и тоа пак продолжи да плива по водата надолу кон Методија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На третиот брадата околу земјата му се намотува Страшно.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Само земјата му се радуваше на Сане Сандин, зошто еден век ја газеше и ја лазеше, од која ни на сон не се одвојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кине Богдан од тревките и билките околу себе, ги џвака, чувствува како силата на земјата му се пренесува во него и го поткрева на своите раце како што мајка му го крена кога се роди.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)