земја (имн.) - ги (зам.)

Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„До коски потресно и болно звучи присетот „на попот и на некои од поворката“, на погребението на работ божји Сане, „за слепените нозе на Сане Сандин за земјата и облачињата прав што земјата ги издишуваше за да му ги ублажи страдањата и болките“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Фрлам зрнца пченка позади мене. На земја ги џиткам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Житата родија тројно, четворно повеќе, а маслинките до земја ги наведнаа гранките, претоварени од род.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Значи, земјата ги поделила луѓето и сето тоа се врти во круг: луѓето ја делат земјата, земјата небото, небото светците, светците луѓето. И самиот човек е поделен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги ниша и до земја ги наведнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жолтите одрази на сончевите зраци од последното лисје пред да падне на земјата ги придружуваат тажните Палестинци кон својот Јасер Арафат, човекот веќе претворен во симбол, одземен од животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само модрозеленикавата Сена тече рамнодушна кон историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Убиените заедно со живи ранети во заедничка гробница земјата ги покри. А вината? Кој и што ја покри вината? ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
3. Забележете дека публиката на големите надморски височини и публиката во земјите на север е претежно претпазлива во текот на изведбата, додека публиката во приморјето и во топлите земји ги изразува своите чувства било кога (кога ги има, секако).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога луѓето стигнуваа до дното на бедата, водачите на земјите ги зајакнуваа границите. Ги делеа луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така и Господ, си помислив, трудејќи се и премногу околу најамбициозното создание на својата правдољубивост, Човекот, гледајќи го од височините, ни не претпоставувал, со каква леснотија таа негова творба долу на земјата ги погазува основните начела што тој му ги оставил како своја порака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Житата родија тројно, четворно повеќе, а маслинките до земја ги наведнаа гранките, претоварени од род.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)