земја (имн.) - има (гл.)

Мојата приказна беше иста со таа библиската: Годината,кога во земјата имало голема суша и глад, Големиот пророк одседнува кај вдовицата, барајќи да му меси погача.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога едно од групата соѕвездија ( јатото на ѕвезди од млечниот пат) гледано од земјата имало крива линија, според обликот им заличело на кос мост (искривен мост) па според тоа име и го нарекле кос мост.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа е земја на оранжерии. Можеби ретко која друга земја има толку оранжерии како Холандија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Спикерот говореше дека Македонија е земја на туризам и дека на ова убаво катче од земјата има многу свеж воздух, жешко сонце и гостољубивост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Земјата има големо сеќавање и не случајно и Хлебников ќе извика за руската и македонската патека на светот кон Исток. Ad patres, значи, ad patres, зашто кај и би нè познал без историските лузни на нас што ги носиме?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ad patres, ad patres Има еден коњ, скока од рид на рид и од век во век, ноќем вишти под ѕвездите на Азија, утринум гребе, раскопува, ги буди оние на чии бедра вземи сè уште болскотат нивните сјајни мечови и го раздиплува големото македонско писмо - како единствена насока на Европа кон Исток.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таа создаде двигателска подлога за политичко геј-движење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во изминативе три децении имаше огромна преобразба на материјалната основа на геј-живеењето во САД, како и во други велеградски средишта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исход е на три големи настани: на рекапитализацијата на внатрешниот дел од градот и на последователната гентрификација на градските маала; на епидемијата на ХИВ/сида и на изумувањето на интернетот. ‌За да се согледа природата на промената и на нејзините решавачки, далекосежни ефекти, треба да се присетиме на околностите во кои се појавила геј-културата во годините што непосредно им претходеа на тие три големи настани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како прво, геј-ослободувањето во 1960-тите предизвика бран на геј-миграција кој до 1970-тите од сите краишта на земјата имаше донесено стотици илјади геј-мажи во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Чикаго, Бостон, Хјустон, Мајами и во пет-шест други големи градови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа преобразба имаше коренито влијание врз обликот на геј-живеењето и на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така беа спасени многу сефардски семејства...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко остана чувствителен и на судбината на Сефардите кои беа спасувани во Албанија, при крајот на монархијата и периодот на италијанската окупација, кога земјата имаше автономија на одлучување, издавајќи им визи за престој на еврејските граѓани кои бараа спас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Југославија како лидер меѓу неврзаните земји имаше значајно место меѓу водечките земји. Тунис беше неврзана земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој има јазик на небото. И на земјата има јазик. Кој е?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, кажи ми, вистина ли е дека сите луѓе, во сите земји имаат леб, надежи и национална химна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше дел од дипломатскиот ритуал кој во оваа земја имаше посебен вид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За Махмуд Дарвиш Ѕвездите ќе имаа само една улога: Да го научат да чита.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Може ќе дојдат други, има неплодни краишта во земјата има и гладни и сиромашни луѓе, ама од нашите не ќе навабат други за тука.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во тоа време, на студена војна, кога среде Европа беше спуштена железната завеса, кога таа се наложуваше како неминлива граница помеѓу народите, Цветан Горски, знаеше дека во земјата имаше умови кои се противеа на новата поделба на сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Гледано геолошки, повторно нагласувам, езерата на земјата имаат видлив, пресметлив крај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„И пролетва низ целата земја има акции за пошумување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во неколкуте години живот во Франција, во земјата која катарзира низ литературата, земја во која читањето е и еден вид колективна молитва на голем дел од населението, забележав дека читателот во вашата земја има своја стабилна индивидуалност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме прашувате дали го познавам Франсоа Масперо и дали сум ја читал неговата книга Балкан-Транзит.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
БОРИС: Мислам на пошироката хигиена. Во оваа земја има да биде чисто и уредно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И во случај да немало, во почетокот, некои непосредни резултати, долгорочната придобивка би требало да биде "ефектна, бидејќи во сите овие земји има елементи кои би биле исплашени од руската доминација и загрижени за повторната сигурност со Велика Британија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа, според нив, се однесувало и "на самиот генерал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По земјата имаше послана куп свежа слама, на испреплетените гранки горе на покривот стоеше закачена лејка за вода, останата бездруго уште од полјакот и ништо повеќе.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Така Ливаѓани земја имале, ама немале каде да наберат дрва. Мака мачеле.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)