зелка (имн.) - кој (имн.)

- Не е фер ќерката на еден полковник на гардата да оди на годишниот бал со некоја зелка која нема ни ден гардиски стаж и чкртка текстчиња за публикации кои никој не ги чита.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дотогаш Кроче се немаше напиено расолница ниту беше каснал сарма и допрва се токмеше да ја одгатнува душата на јужните зелки која пргаво капеше од чепурот на џиновската каца со расол, една рана зима, пред 58 години, на дното на Балканска улица во Белград.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)