здание (имн.) - во (предл.)

Во оние дуќанчиња, кои се како бисери изнаредени покрај каналите, на големиот градски плоштад, кој е изнареден со најстарите зданија во стилови кои ги носело времето низ столетија, се белеат тантелите, така што тие го белеат и сиот град...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше еден лилав септемвриски ден, за другите тој секако беше сончев и чист, доѕидуваа некакво банкарско здание во Букурешт, беше на највисокото скеле, остануваа уште неколку реда тули до чатијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вислицени и Брунер непрекинато го понижуваат, му соопштуваат закани, му наметнуваат присилби и сè поневозможни барања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потем педантно, како по наредба, на едно место, ги редат плочите една над друга, една над друга, додека под нивните вредни раце расте здание во облик на голена порта, новиот Бранденбург, споменикот на полнетите мечиња...  Како да не се враќа дома скршен?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На нејзино место се извиши ново здание во вид на пагода, во кое отсекогаш била сместена власта, првин Централниот комитет на Комунистичката партија, а по падот на комунизмот, Владата на Рерублика Македонија...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)