зграда (имн.) - во (предл.)

Можам да ги урнам зградите во центарот, да ги натерам луѓето да си ги изгрицкаат ноктите, а потоа и самите прсти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„ Личните рејв-доживувања на Сандерс се многу поконтролирани.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како на пример последниот рејв на кој бил - настан само-за-поканети, организиран во една голема зграда во Норфлок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеби ќе ти зазвучи чудно, но тој е насекаде каде сум и јас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи никогаш дотогаш се немав заинтересирано каде е влезот на зградата во која работев, иако луѓето кои честопати грешејќи ќе влезеа директно во мојата канцеларија, мислејќи дека тоа е вистинскиот влез, јас ги упатував странично, каде што и беше логично да биде влезот на зградата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога сум се родила јас дедо ми стоел цел ден надвор пред зградата во Мичурин и сите кои поминувале ги канел дома да ги почести.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој никогаш не зажали што нема син.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ми беше напната за тоа дали ќе ја најдеме зградата во која живее снаа ѝ Христина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Македонските архитекти и градежници од „Бетон“ ја изградиле најубавата зграда во модерен и современ стил.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гради две висококатници, од кои едната се извишува на 162 метри, и велат дека тоа ќе биде највисоката зграда во Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа се извишува на неколку ката. Во свое време, таа била најмодерната и најзабележлива зграда во градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Толку, имено, изнесува процентот на 7.315-те лица од цела една етничка група, приведена и затворена во големата индустриска зграда во градот Скопје, од неодамна подготвена на новата намена и обиколена со висока ограда од стотици метри бодлив тел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој, имено, предлага да го одбиеш теророт на стерилната архитектура и рамните линии и така да ги бојкотираш зградите во кои не сакаш да влезеш поради нивниот стерилен изглед.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На првиот кат од зградата во заднината некои сенчести суштества се собрале на советување.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се качи на ѕидовите од зградата во која преку денот качуваше тули и вар. Како маѓепсан сега долго шеташе по нив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така успеа, по неколку години, да изгради најубава и најголема училишна зграда во гратчето...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Државниот Законодавен дом за мене не претставува само зграда во која се донесуваат законите тој за мене е храм во кој јас стигнав по долг аџилак (Исто).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Патиштата, фабриките, домовите, камионите, автомобилите, возовите, огромните погони и леарници, видливи и невидливи, сета земја во сите правци, високите згради во центарот на градот, станаа обвиени од мијазма на ништожност и јаловост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Господинот Серафим Гроздановски, пензиониран доктор по правни науки, живееше сам на првиот кат од една станбена зграда во Капиштец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Две и трикатните згради во кои бевме сместени, беа на крајот од градот, но близу пристаништето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- И ја барате зградата во која тогаш живеевте?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наспроти зградата во која бевме сместени имаше парк со палми и фенери и зад нив тврдина во која, како што велеа, имаше многу затвореници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Успеавме да излеземе, но не успеавме да се пробиеме на Руга Анастас Дурсаку, не успеавме да ја најдеме фабриката за цигари која е нашиот единствен ориентир за да ја најдеме зградата во која живеевме пред шеесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Општинската зграда со големиот часовник, улицата што сега го носи името Анастас Дурсаку, сивата зграда во која бевме сместени и скоро недопрената од новото време - кралската палата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Слушав како зборуваат некои од постарите, дека други згради во градот паднале веднаш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сега таму живееше некој човек во униформа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По смртта на нашиот брат, Паулина, Марие, Роза и јас понекогаш одевме до зградата во која тој живееше сѐ до заминувањето од Виена, и погледнувавме кон прозорците од неговиот стан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше дваесет и три години и беше убава како што некогаш беше Роза, најубавата од нас петте сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во утрата, додека уште можеше да се излегува надвор, се прошетував до зградата во која беа становите на Зигмунд и Роза, понекогаш ќе заѕвонев на вратата од домот на сестра ми, за да ја разбудам внука ми Цецилија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Расказ е, почеток на расказ е“, му се спротиставив на соседот, пензионираниот професор по литература кој живееше во истата зграда во која живеев и јас, само во друг влез.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од нашите зборови- експлозии се затресоа темелите на зградата во која живеевме јас и соседот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во 1890 год. се издигна голема трикатна зграда во која од јануари 1891 год. се отвори пропагандната „Богословско-учителска школа”, за да се затвори по половина година.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сигурен сум дека зградите во киберпросторот ќе бидат направени така што ќе можат да го направат истото што и Таџ Махал, а тоа е да ве заштитат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ама, која е највисока зграда во Скопје?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И сега, за крајот на приказнава да биде ист како во филмот „Прити вуман“, таа цела ноќ плете скали од надвор на највисоката зграда во градов, за тој, победувајќи го стравот, да се искачи до нејзиниот балкон и да ја побара. За макар уште една недела, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А најдобри се со понадиците: „Лубеница во зима, на деветти кат, во зграда во која ’ѕвездите’ не плаќаат за одржување, па, засега, само лифтот не работи. И, малку е темно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во истата одаја во господарската зграда во којашто ги учеше Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја запозна кога работеше на една зграда во Прага.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Да работеше и таа во Одделот за документација можеше да биде релативно поедноставно, но тој имаше само мошне нејасна претстава за приближното место во зградата во кое се наоѓаше Одделот за проза, а немаше никаква причина за да отиде таму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите беа сместени во Нигериското село, тие така ја нарекуваа деветкатната зграда во која имаа изнајмено неколку станови.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Денес, тоа е една од запуштените згради во модерниот град.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бевме воодушевени од Универзитетот со неговите згради во готски стил, од интересниот град New Haven, каде што се наоѓаше YALE.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Живеевме во зграда во градот под високите планини.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пред крајот на 67. добивме известување дека зградата во која се наоѓаше нашата Фектори за неколку месеци ќе биде урната.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Живеам во непосредна близина на зградата во којашто е сниман „Дај Хард“, до булеварот на којшто Шерил Кроу пееше „Ол ај вона ду из хев сам фан“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На аголот помеѓу Холивуд Булевард и Кахуенга Стрит се наоѓа зградата во којашто се крие детективската канцеларија на Филип Марлоу.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Зад него, околу зградата во која лежеше затворен, се слушаа пушчени истрели. ***
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Здивот речиси не ѝ се слушна, таа спие страшно тивко, како пред себе да има деноноќија сон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Овој го повика „да каснат нешто набрзина“, а во неговиот стан, на мансардата од стара зграда во една од уличките близу познањскиот плоштад, го пречека вистинска мексиканска трпеза со тортиљи, тако, бурито, начос, молес (сега ги памтеше само имињата, не знаејќи, освен тортиљата, кое е за какво јадење).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога е Зоки Поки во бањата, за тоа треба да знае сета зграда во која тој живее: И знае, ами како!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Животот на Г одеднаш се промени. Не беа бетонски само зградите во населбата во која живееше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Затоа, еден ден пред изгрејсонце се качи на покривот на зградата во која живееше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Знаеш што, - рече Мони, подготвена да ѝ каже сè на Бистра и ништо да не ми остави мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Затоа се премислив и тргнав по Мони накај зградата во којашто живеевме јас и Бистра. Заѕвонивме на вратата и Бистра отвори.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Всушност, тоа беше почетната фаза за средување на просторот помеѓу зградите во станбената населба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И знаев дека под зградата во која живеев беше закопан градот на детството од времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Околу зградата во која живеам преку ноќ никнуваат, неконтролирано, нови градби, ми го загрозуваат видикот на парчето небо од прозорците и балконот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нивниот стан е на четврти спрат од старата зграда во која нема ни лифт.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во споредба со американските “downtown” квартови и блоковите облакодери, Дефанс ја губи архитектонската предност на вертикалноста и претераноста со тоа што ги вклештил своите згради во сцена на италијански начин, во затворен театар омеѓен со периферен булевар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но споменот на тие години во женева времето и заборавот не ги беа уништиле, ни од далеку, туку беше жив во Борхесовото паметење, па дури стана и драга област на втората татковина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во својот “Автобиографски есеј”, 1970-та, тој напиша: “Ја познавам женева многу подобро од Буенос Аирес, што лесно може да се објасни со фактот дека во женева нема две раскрсници што се слични, па човек брзо ги воочува разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија и јас шетавме низ тој дел од градот, и таа ми ја покажа новата зграда во Улицата на Фердинанд Ходлер, во бројот 17, подигната откако старата зграда, во која биле Борхес и неговите, била урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е Лугонес, кој од прозорчиња на воз ги набљудува формите што се губат и мисли дека веќе не го тишти должноста засекогаш да ги преведе во зборови, бидејќи тоа е неговото последно патување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој ден шетав крај таа зелена и ледена река, Рона, која минува низ самото срце на градот, а ја премостуваат седум сосема различни мостови”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е висока зграда во Јужното предградие, во која мојата жена и јас го преведувавме Витмен, чијшто моќен одек може да се одрази барем на оваа страница.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е, во една пуста ноќ, некој агол на Онс кадешто Маседонио Фернандез, сега мртов, и понатаму толкува дека смртта е измама.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа се наоѓа на највисокиот кат од зградата во која живеат баба и дедо, веднаш до нивниот стан.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оттаму ја видов зградата во која што живеат Тета и Тони, мажот ѝ, што ена пет минути оддалечен од железничката станица.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дури кога госпоѓата сврте да влезе во зградата во која очигледно работеше, дури тогаш таа набрзинка ја подзаврте главата в десно, го погоди со еден краток поглед и, сигурно задоволна, му се изгуби во влезот на зградата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот пак се најде во улицата во која што се наоѓаше зградата во која што таа работеше, пред самиот крај на работното време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ја памети Струмица кога гратчето се сведуваше на општинската зграда во центарот и двокатното полуруинирано хотелче, со стрмни скали однадвор, со заедничка чешма со студена вода покрај нужникот со дрвена врата што тешко се затвораше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И покрај промените во гимназијата, мојата преокупација е зградата во која живеам, а и самата населба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гемиџиите направиле план преку подземен канал да стигнат до темелите на филијалата на Отоманската банка во Солун и со динамит да ја дигнат зградата во воздух.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Поздрави ја Миру! – викнав пред да го снема зад највисоката зграда во нашата населба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)