На подадената рака подаде рака. Нежни усни даруваа уште понежен бакнеж на просторот меѓу зглобот и нежните прсти.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Пет крвави искри на пет зглоба и пет пцости на сувите, набабрени усни, со пет именки во црно завиткани - бог, и природа, и мајка, и смолара, и сопственото семе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Набргу во зглобовите и во глуждовите почнаа да му се раѓаат и сите заборавени оловни кугли на болките од поминатите донови, потсетувајќи на сите изминати порази и растворувајќи ја неговата ситна радост со прекрасната утрина и со својата храброст како капка во море.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од сите зглобови и пршлени да го одврти, да го разоткова и да го земе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пополека му се вселуваше очаеност, слабост ги зафаќаше зглобовите и целата снага.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Болеа зглобовите и спомените. Болеа до срж Никола, Марија, една продувана војна и сѐ она на што мислеше и од што мозокот му беше врел, зовриен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)