— Добредошол, добредошол, само дали не ве изварди некој — одговори бабата, влевајќи по Ѓура и потскришум кршејќи ги зглобовите на сувите прсти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бабата влезе во тесниот дреалник, a по минута две излезе со Крстета заедно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Беа... и уште до пред некое време, пред да се дотркала пак в град, распорените стебла во една шума, густа и со густа смола, до оној ден кога матното невнимание му ги здроби зглобовите на прстите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сега, во едно напрегање, не можеше да ја совлада трепетливоста на зглобовите на своите остри коленца. „Шибај сам“, му рече Отец Симеон и тој сега, кога ја виде касата, претпазливо ја затвори вратата зад себе и зачекори.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја допирам твојата клетка космос, Сакам да сум зглоб на ѕвезденото скеле.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Без чкртање во зглобовите на прстите, без нож. Виде ли?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Со нож. Не, со зглобовите на овие прсти. Гркланот тогаш лесно прска“.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Зглобовите на разговорот попуштија, се разнишаја, и можеби тоа беше причина што, кога се проштеваа, таа ја заборави на стол својата свилена марама.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Но, точно, како можеше да го погодиш и тоа дека на последниот преглед на крвта ми беа најдени толку многу триглицериди што би можело да подмачкаат и зглобови на сканија.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Сетив болка во зглобот на стапалката и несвесно извикав.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)