збор (имн.) - истовремен (прил.)

Сепак, зошто воопшто би ѝ се јуначел на таква стигма ако претходно не бил врбуван преку (постарата и пожилавата) моќ на поттикнувањето?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Накратко, борејќи се против утврдениот музичко-театарски режим што го феминизира пристапот до изведбениот простор, желбата да се игра на неа ја универзализирала Сцената Мајка. (80–81) ‌Овој исказ со играта на зборови истовремено е и читање на Циганка и алегорија за машкиот геј-развој (колку само се зборува за „сцени“) и оглед за теоријата на културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, ако сега трпи театар чии посетители го маваат со овошје, тоа е затоа што желбата да изведува најпрво му се подбудила другаде, преку едно толку поохрабрувачко калапење на театралните идентитети и односи, што, всушност, сѐ уште не ни излегол од таа прва сцена, каде што токму откако ги направил првите чекори или ги изговорил првите зборови, ќе пеел и ќе танцувал за жена што го повикувала да изведува и го фалела со аплаузи уште пред да заврши, го бодрела кога ќе се подизгубел, самата пеејќи и танцувајќи, речиси како баш тој да ѝ е алтернацијата за некоја улога што таа не можела да ја одигра, дали од великодушност, од срам или од нешто друго.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)