Татко, кој изворно го знаеше турскиот јазик, како мајчин, внимателно го слушаше Камилски, како успешно ги изговара турските зборови и како беше проникнал во нивното присуство во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски сакајќи да го изрази прецизното значење на овој збор, но и да го покаже бездруго доброто владеење на францускиот јазик, значењето на зборот аирлија, го претстави и на француски јазик: Q`il vous soit de bon augure!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски одвреме-наврме го демонстрираше своето одлично знаење на францускиот јазик, не само за да го потврди универзалното значење на турцизмот и на овој светски јазик туку и да го практикува со Татко, како со единствен собеседник на Балканот на овој јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Често се употребува и зборот аирлија (со среќа), со потекло од турскиот збор hayrli.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)