Дури и кога би исчезнал и последниот примерок, ние можеме да ја репродуцираме речиси од збор до збор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ниту во Татковото, ниту во семејството на Камилски, не можеа да разберат што вистински работат двајцата пријатели наизменично во нивните библиотеки од утро до вечер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Блискоста, меѓусебната доверба зајакнувана од збор до збор го зајакнуваа уште повеќе нивното ретко, можеби и единствено пријателство на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потоа ја прашале: дали е вистина дека сум рекол, од збор до збор: „Да ти се мочам јас на твојот здрав народен дух, кога се смее само на гениталии што залутуваат во туѓи гениталии и на ануси што прдат; тоа ли е врвот на народната уметност, Луцијо?!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога утрината му ја подал новата штичка, со наши, а не со негови букви сочинета, тој со прстот сѐ така еднакво минувал и од збор до збор ја повторувал истата приказна од минатата ноќ: богот слегол од небото на земјата и сотворил сѐ што постои денес на лицето на земјата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во претсмртните ливчиња на отец Мида стои, од збор до збор: „Каде и да застанев, тој ме гледаше, оти беше на сферичната купола, како да е искачен на небото, од каде сѐ се гледа; ме гледаше и како да сакаше да каже: не можеш да се сокриеш, да избегаш, да куртулиш од мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се потврди тоа кога логотетот му заповеда на Филозофот да го прочита своето толкување, и кога овој, од збор до збор го преподаде словото како да беше изговорено од устата на Лествичникот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Што има убаво во овој расказ? – си реков откако го прочитав целиот. – Не е убав, тажен е!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу јасен ми беше: мајка ми сфатила дека згрешила со мојот прстен, што не го ставила веднаш и ми ја уништила радоста на подарувањето, па ѝ било многу криво и жал, и седнала, го напишала сето тоа. Од збор до збор, цела вистина.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)