збор (имн.) - мајка (имн.)

Трајанеее - со кои зборови мајка да те тажи... Трајанеее... И би мигот - небото се распукало.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но јас, сепак, ќе се бранам, верувајте, останувајќи му верен на јазикот на животот, како последен мајчин аманет, надевајќи се, ако се спасам од кобната пресуда на ,небескиот трибунал на моите предци, да ја сретнам Мајка, на некој остров на најоддалечениот архипелаг, на брегот на заборавен сон.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зарем гласовите од првиот збор, мил, не нѐ потсетуваат на мајчина благост, на зборовите мајка и млеко, атик, зарем ги нема во зборот татко, кој е строг?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тука ѝ се упика у зборот мајка ѝ Ми аку има ки са нјде за друзи!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зар не е Мајка пред сите зборови? Зар зборот Мајка нема ист корен на сите јазици?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)