И кога дојдов до сознание дека зборот стои повисоко од честа и откако погледнаа во моите свитоци рекоа дека тоа не се божји зборови и божја мисла, та на Собирот во Константинопол, 553, ме осудија и фрлија анатема и врз мене и врз моите свитоци.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јас, Антонио На внук ми Анте Јас, Антонио, поет и отец, христијанин и Македонец од Александрија, ги изучував градбата и поредокот но бестелесното и сите болести ги одгатнував според болестите на словата и на зборовите.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во Речникот на македонскиот јазик три збора стојат едно под друго: Орлица, само гледа и само памети, наизуст ги знае имињата на сѐ што било загледано нагоре.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Така е. Така велеше партијата. Нејзиниот збор стоеше највисоко, а тоа високо за нас беше идеал.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)