Пандо ги погледна сликите, а потоа, без да рече збор почна полека да чита: “16 ноември 1940. Сорович.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Имено, во едно време се прошири глас дека на некој политички форум на едне познат говорник, на самата говорница, при отворањето на устата, наместо зборови почнале да му излегуваат глувци, малечки, црни.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но кога почна „попчето" да зборува, уште првите зборови почнаа да ѝ ја параат душата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Од овде до море...“ Запеа тој некоја непозната песна, и кога зборовите почнаа да се судруваат, да се плеткаат, очигледно во тој час измислени, морето предизвика друга мисла и еден збор, повторуван со различни тонови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)