збор (имн.) - потече (гл.)

Бевме во оние години кога зборовите не се раѓаат од празно и не паѓаат во празно, во времето кога зборовите потекуваат од суштината на постоењето и, изговорени, таму се враќаат; бевме во годините на неискуството, кога уште не бевме влегле во смртно-сериозната тривијалност на животот, па можевме наивно да зборуваме за возвишените нешта, оние кои искуството ги отфрла затоа што се бесполезни и неупотребливи како што е неупотребливо парче небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се прашувавме што сме сега, но погледнувавме и во она што бевме, затоа што знаевме дека во човечкото суштество постојат сите негови слоеви, и низ неговата сегашност проблеснува сѐ она што некогаш било важно и не станало закржлавен остаток од минатото туку извор на светлина кој го оплеменува ликот; си го раскажувавме минатото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)