збор (имн.) - изрече (гл.)

Одеднаш, како удрена од ровја среде бел ден, Маре застана како што одеше, се сепна, се штрекна, се засркна и се шлакна по челото: - Леле, колку зборови изреков, а ништо не кажав!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше јасно дека започнуваше да се остварува невидливата, но најавувана и во поединости организирана реализација на казната, против моето однесување, моите зборови изречени во Атеистичкиот музеј и во двете кафеани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како и секаде, и тука добро се вклопува говедцката теорија на неодреденоста: кога се гледа говедцето не се гледа говорот; кога се гледа говорот не се гледа говедцето, за што два-три збора изрече и прочуениот лекар Авицена: „Што би се видело кога никој не би бил присутен тоа да го види?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)