Филмовите од овие три етапи веќе на прв поглед се разликуваат според својот темелен „тон”: така, за англиската етапа е карактеристично напнатото, питорескно збиднување во кое во брзо темпо се сменуваат трагичното со комичното и во кое, секојпат во текот се вплетува мноштво од „реалистични” детали (заради што, оваа етапа најмногу им лежи на срце на традиционалистички насочените левичарски теоретичари на филмот, например Sa- doul); меѓутоа, за „Селзниковата” етапа (од „Ребека” па натаму) поголемо значење има женската нота (во најголемиот дел од овие филмови, настаните се раскажуваат од женска перспектива - „Ребека”, „Маѓепсаниот” - или пак жената е средиштето на збиднувањето на настаните - „Во знакот на јарецот”), и рамномерниот, нагласено мелодраматичен ритам и на рамништето на истиот, ладен формализам.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)