Би сакал уште малку да те задржам во ова убаво мое зајдисонце меѓу ридовите но ти веќе се оддалечуваш талкајќи кон некое соѕвездие што сал тебе ти припаѓа.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)