Не е тоа никакво скаменување во животот, накво затворање во географијата на детството, туку само нов, индивидуален модел на преобразба на микрокосмогонските принципи во кој времето само се пресоздава но не се преповторува.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сега Хера не одеше повеќе на лекар да ја лечи главоболката, како што тоа порано го правеше, пиејќи разни лекови кои во почетокот ѝ ја смируваа болката, а подоцна не. Ѝ правеа разни проверки на крвта, урината, шеќерот, ѝ ги испитуваа бубрезите, срцето, притисокот; ѝ советуваа да не се преморува во работата, повеќе да се одмара, да избегнува потиштеност и затворање во себе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Едно затворање во аргачот, запалив оган, се стори жар и по еден жар кладов во дупките од кучешкиот апеж.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Она пак затворање во собата, со машината пред себе, секако дека го разбирам, но тој тоа го правеше на театрален начин, со пуфки, што се вели, како што прилега на некој повикан само за големи дела.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)