започнување (имн.) - на (предл.)

Првиот чекор беше тајната, ненамерна помисла, вториот беше започнувањето на дневникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во судницата одеднаш завладеа молк и во секој момент се очекуваше започнувањето на процесот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во првиот ред седевме сите што бевме обвинети.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Кариерата на Лепа Брена е нераскинливо врзана со постоењето на Југославија, што покажува и падот на нејзината популарност во почетокот на деведесетите со започнувањето на војната, смета Душан Маљковиќ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во една ветровита, дождлива есенска вечер, тагата за одминатото лето ме наведе да пробуричкам по полицата, каде што пред започнувањето на училиштето ја бев затурил мојата мила, дрвена шупелка.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Бргу ги стори сите работи, што требаше да се сторат пред започнувањето на еден работен ден, а потем влезе како фурија во вратата на просторната работилница, дигајќи виулици пилотина од своите чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во ситуацијата во која се наоѓала Велика Британија по започнувањето на европскиот судир во 1939 година не било ниту малку чудно што нејзините дипломатски претставници и агенти на Балканот на секој можен начин настојувале да изнајдат начини да активираат одредени личности, политички партии и организации за тие да му се спротивстават на нацифашистичкото напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И американската разузнавачка служба ОСС и британската СОЕ планирале разни активности со кои би го промениле текот на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Започнувањето на штрајк во јавно претпријатие од 1996 година стана покомплицирано во однос на претходната состојба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)