запознавање (имн.) - на (предл.)

118. Според Правилата на Дружината „Вардар” од 15.3.1894 год., целта на Дружината била: а) да работи врз испитувањето и запознавањето на својата татковина во земјописен, народностен и историски поглед; б) членовите на Дружината заемно да се помагаат, како во воспитен и морален, исто така и во материјален поглед; в) да работи врз сестраната подготовка на своите членови за да можат што подобро да му послужат на својот народ во државата на Неговото Величество Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што презеде Бајрон од вашата лејди Мери за верата, па вас толку ве пленило, и не сте можеле да го заборавите придонесот на Бајрон за запознавање на Албанците во светот? – ме запраша наредувачки А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Логичен резултат на тоа било запознавањето на јавноста со постоењето на британски офицери на Балканот и на крајот соопштението на министерот за надворешни работи, во декември 1943 година, дека бригадирот Маклин е шеф на една сојузничка мисија во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Една од најголемите пречки за запознавање на шизофреничарот претставува неговата чиста недофатливост: настраност, бизарност, опскурност во сѐ негово што може да се забележи. За ова постојат многу причини.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имав пријатна прилика само за едно брзо, површно запознавање на Beat- движењето.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во селото за првпат видов и некои животни што дотогаш ги имав видено само на слики по учебниците од „Запознавање на природата“ и по сликичките од мали чоколадчиња од „Краш“, што ги собиравме и лепевме по албумите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Еее, ко ќе ми текне на лекцијата по Запознавање на Природата дека Македонија е татковина на грозјето!
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)