Црниот Пандил Димулев, тревар и соплеменик на Проказниците, војник и мудрец како што учел од Тоските со кои некогаш, како дете, бил со одметнатиот татко, му шепнал на челникот да ги остави луѓето да се смират; тие без заповед ќе ги повлечат двоколките кон царски друм кога ќе престане дождот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потокот под нив станал погласен - ете, и водата се ослободува од своја мора.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој што ги пропишува божјите заповеди
ќе ги состави и човечките
забраните се услов без којшто не се може
во Сенатот, Олтарот и Креветот
во Науката и Уметноста
без оглед на егзактноста
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)