Пергаментниот запис во ковчежето со златен клуч и со сребрен катинар му го напишал и му го оставил во дамни времиња неговиот пра-пра-прадедо, махараџата Раџнапур од Мохенџо Даро*, најстариот и најпознатиот град во долината на реката Инд.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Птица потскокнува ту на едниот – ту на другиот камен и чита запис во нив што го издлабиле ветровите.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Според записите во мојот Дневник татко ми и Нанчо тропнале на вратата од бараката на бај Шишко после единаесет саатот на 28.10.1951 година, само штом сум заспал по релаксирањето во кино.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вистината, што не постои, во светот на напуштена играчка, безвредна, непривлечна, никому не оставила запис во живиот споменар од срцето што го изгуби еротичниот сјај, помешан со никулците на верноста.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
На Привидот што предмалку се јави од преку мостот за жал му недостасуваат такви записи во сетилата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Акција е хартија од вредност [којашто може да ја издаваат АД и КДА] во којашто е претставен дел од основната главнина и во која се отелотворуваат правата на акционерот кој, како сопственик на акцијата, не е доверител на друштвото ниту сопственик на еден дел од имотот на друштвото (чл. 3, ст.1, ал.2 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Акциите се издаваат, се пренесуваат и се водат во форма на електронски запис во Централниот депозитар за хартии од вредност на РМ во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
” Овој навод (чиешто потекло пак не беше лесно да се пронајде) потекнува од славниот расказ на Борхес “Tlon, Uqbar, Orbis Tertius” со кој почнуваат Измислиците (1944).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Следната, дека вселената може да се спореди со оние криптограмски записи во кои нема секој симбол некоја вредност...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)