На почетокот од записот има една реченица во која се прашувам зошто си го гнасам лицето и дека таа мисла постојано ми се меткала низ глава.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Уште од Илијада и Хомер, преку Овидиј и Уметноста на љубовта, постоела и се провлекувала таа бесмислена, неизбирлива и безначајна толпа; а едновремено, тие односи одеднаш добиваат големо значење, како што покажуваат Парис и Хелена, Агамненон и Менелај, итн.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во западниот свет уште од првите записи имало оргии и неограничувачка сексуалност.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Филозофот пристапи, ја осветли книгата и ние видовме верно, како и во ливчињата на отец Мида што стоеше сведоштво: писмото на записот сосем непознато беше, а записот имаше форма на клопче; само во средината на клопчето една буква се одделуваше од другите, по форма и боја: тоа беше буквата Ж, истата онаа поради која добив шлаканица во семинаријата, од Писмородецот!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)