запирање (имн.) - на (предл.)

Покрај тоа, ако невработеното лице не се јавува во Заводот во утврдениот рок, наместо запирање на исплатата на паричниот надоместок, како што беше предвидено со ЗВ од 1987 година (чл. 32), ЗВОСН пропишува престанок на примањето паричен надоместок (чл. 33, ЗВ и чл. 77, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Согласно член 34, за повреда на работната дисциплина ќе се смета различното започнување и запирање на работењето за одделни категории вработени, како и сукцесивното распоредување на запирањето или сменувањето на различни групи на вработени или делови од претпријатието.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Никој ништо не зборуваше, по запирањето на моторите од џиповите, се спушти дебела тишина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Вработениот со статус на давател на јавна услуга против кој се поведува оваа постапка може да одговара за дисциплинска неуредност и дисциплински престап (чл. 25 од ЗИДЗЈП/фев.14).107 Директорот на јавното претпријатие врз основа на предлогот на дисциплинската комисија, донесува одлука за изрекување на дисциплинска мерка, односно за отфрлање на предлогот, односно за запирање на постапката (чл. 37-ќ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)