Чанга, кога сакаше да рече нешто значајно за козите, секогаш првин со занес ќе ја погледнеше сликата на козата што дои лавче.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Притоа, со занес ќе изрецитираше: Зборови издишувај, издишки запишувај, стихови говори и реди, тоа светот ќе го среди во убав и личен ред: со стихови нап-ред Ракописот и записот на Нунета не го видов, иако му бев близок.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Често, среде игра со своите врсници, во најголемиот занес ќе застанел и, како вкопан, се загледувал во сонцето што заоѓа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)