Попот ја зема гитарата, и потпомогнат од замислениот глас на Мадона, ја испеја „Лајк а вирџин“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И сенките во собата како да ми се забуцуваа в месо, како да беа запци на стапици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа ги возбуди околните икони кои во благ, ритмички занес се исповраќаа по подот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)