занес (имн.) - ги (зам.)

Рибарот во занес ги спушти прстите врз неа, собрани како за светиот чин на крстењето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Среде распупените копнежи на небото витката става на пламенот во луд занес ги обезглавува изџимканите сни и не ги одлепува усните од цуцињата на бардињата од кои дурлат огнови во течна состојба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Со детска љубов и занес ги садат и ги одржуваат, ама поради летни горештини речиси една третина се сушат.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И додека Татко со восхит и занес ги догледуваше подарените книги, Климент Камилски ја покажуваше својата радост што подарените книги ќе се најдат во вистински раце.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)