замине (имн.) - има (гл.)

Во таа вечер на неговото заминување имаше нешто надреално – таа речиси среќна исповед на мајка му, додека очите ѝ блескаа како што никогаш дотогаш не беше видел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во татковата мисла за заминување имаше и една крајна цел: тоа беше враќањето во земјата крај нашето Езеро, каде што ја оставивме куќата, нивата, лозјето, воденицата на малата река што од вечнини се влевала во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)