залиха (имн.) - на (предл.)

Макар што дејствието на романот е ситуирано во бизарното „време на козите“, раскажувачот од големите автобиографски залихи на искуства истакнува дека тоа раздобје претставува слика на изгубениот „детски рај” и „крај на најубавото време на светот”, со чиј лирски и критички опис се обидел да му ја придружи на пишувањето "историјата на вистината” на еден облик на тоталитаризмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тиражот од 400 испечатени примероци на книгата речиси е потрошен, а при крај се и залихите на брошурата со најважните теоретски сознанија – испечатена во 1.000 примероци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На закажаната средба со идната љубена отиде со потрошена залиха на солзи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)