Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сега не е само твој, ами и мој!— си го дупна коњот и си влезе во портата; влезе по три години, да вечера со жена, со деца и да види да останат на трпезата залаци и комади леб.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За да го замолчи, Горда му ја полнеше устата со крупни залаци и Грдан не стасуваше не само да ги изџвака туку ни збор да прозбори.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ќе каснеше три-четири залаци и ќе пиеше долго и мрзливо вода и потоа легнуваше на грб.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Голтање на јадри суви залаци и спуштање во каналот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)