залак (имн.) - леб (имн.)

Ошче не каснала ни еден залак леб, и веќе дочекуа госје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Такви како нeго и брат му Колета ќе не запустат. He си а гледаат сиромаштијата што и ватила и да бараат негде некој залак леб, да не трпат како пци, токо дури овде на сретсело ќе лаат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Малку Турците нѐ глодаа и ќе нѐ глодаат, сега па и од него беља, — се жалеа селаните по селата каде зашета Толе слободно, бидејќи аскерот и заптиите од Витолиште не се решаваа да излезат веднаш по нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Биди слободен, мајка Б'лгарија има еден залаг леб за вакви како нас. — Го утеши Јован и, откако се почестија сите, ги покани Толета и Митра кај него на гости додека се сместат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Само ако слушна оти сте им дале еден залак леб на ниа коркаровци, сете ќе ве избеса на сретсело! — викаше еден ден Толе во Градешница, покажувајќи и на дело дека ќе биде немилосрден спрема секого како што е сега немилосрден спрема самиот селски војвода Митре Гулета, на кого пред сите селани му удри дваесет и пет стапови по дебелото месо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако тргнеме по ридиштата без залак леб, ќе позастанат момчињата, не ќе можеме да ги одведеме, — заврши поп Пано со својот предлог.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вие сте тукашни и верни луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ноќва, од пределите на детството, би стигнало нашето црвено ждребе, за да го помилувам и кршејќи залаци леб да го нахранам, за потоа одново да се разигра виштејќи и потскокнувајќи и своите тенки копитца натопувајќи ги во месечината и со нив ставајќи златен печат врз детството.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Бурдел бил голем пријател на југословенските студенти, кои биле негови ученици и се случувало често со нив да го дели сиромашниот залак леб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кој Брезничанец за нив ќе им верува оти на два залака леб од дома дошле и не можеле колку барем да подвикнат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Властите, за да не умре, му даваа троа парица како за залак леб и капка млеко.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Вечеравме, - реков, иако ја нахранив само Ели а јас не вкусив ни залаче леб.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сигурно повеќе денови, откако старецот залегнал, не добиле залаче леб.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја молел раните да му ги превие, залак лебец и голтка вода да му подаде.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Татко и мајка - ни збор ни приговор, ни залак леб, ни голтка вода - саде молчат загледани накај вратата. Две души каменосани.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но коските под плочата таинствено молчеле наслушувајќи ги шепотите на мајките и примајќи ја животната топлина од допирот на нивните чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа жените со нејасно лице оставиле околу плочата по залак леб од пченично брашно и ја напоиле со вино земјата во која ги забуцале танките свеќички или боринчињата натопени во смола.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дончо не ја ни погледнува, дури не го насетува ни прстот насочен на кај него, спокојно срка од гравот, пика големи залаци леб во устата и низ мласкањето стркалува по некој збор Каква гулема вода, сиво платно шо го м’кне некој невидлив чичко!плитката вода му дошла до колената, ама се сетил на предупредувањето од Митра и се повратил, што се однесува до змии и такви нешта вели Ми стапот во моите раце?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еднаш рано пред приквечер влезе во кујната да открши еден залак леб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој го открши залакот леб и загризувајќи се врати да гледа телевизија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потем, тој пак стана, набрзина открши уште еден залак леб и на минување низ претсобјето виде дека сега торбата за в чаршија беше пуштена на теписонот пред закачалката.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Зашто тие двајцата во едно маало растеле, другарувале, комити заедно биле, залакот леб што се вели, го делеле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како кога гладен човек позема залаци леб.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)