Имаме закон според кој на тие што дезертираат им се одзема целиот недвижен и движен имот. Значи куќа, стока и друго...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Имено, самиот услов во законот според кој се обештетуваат само оние кои работеле во претпријатија со доминантно државна сопственост (чл. 2 ст. 1 ал. 1), а се исклучуваат оние кои работеле 111 Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година; Сл. весник на РМ, 87/2008. 112 Закон за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година; Службен весник на РМ, 33/2014. 112 во претпријатија во приватна сопственост (тука спаѓаат и оние кои практично цел свој работен век работеле во јавни претпријатија, а за време на процесот на транзиција/приватизација истите тие претпријатија преку ноќ станале приватни) е противуставен и се коси со чл. 9 ст. 2 од УРМ според кој „Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“ и со чл. 55 ст. 2 од УРМ кој вели дека „Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тоа беше законот според кој секој капиталист имал право да спие со секоја жена што работела во некоја од неговите фабрики.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имено, со него беше укината одредбата од стариот закон според која правото на штрајк на воените лица и цивилните лица на служба во АРМ се ограничува на најмногу еднаш во текот на годината (чл. 16 и 251, ЗСАРМ/02).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
А кога чашата некој ја украл, поколенијата Соломонови решиле да го остават за вечни векови барем записот од чашата, како опомена до оние што доаѓаат, како закон според кој мудроста слабее и гасне, од премногу страсти во чашата на животот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)