закон (имн.) - нема (гл.)

Одев и сакав да одминам, оти знаев дека Лествичникот не е таму, дека блудничи со девојката во источната одаја на гревот, кога одеднаш ми падна на ум нешто: можеби чашата на Соломон, изворникот изгубен на сите неволји и записи чудни, се наоѓа токму во неговата одаја, на место сосема видно, незаклучено, оти таму законот нема да ја бара, туку на место скришно и недостапно за виделото човеково?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, со ЗИПРМ (1994) е пропишано дека одредбите од овој закон нема да се однесуваат на правните лица кај кои повеќе од 70% од средства- та се во приватна сопственост.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, посочено е дека ЗБЗР се однесува на сите дејности од јавниот и приватниот сектор, но за вооружените сили, полицијата и некои други дејности од областа на заштита и спасување е пропишано дека одредбите на овој закон нема да се применуваат ако оваа материја е регулирана со посе- бен пропис и експлицитно е наведено дека „одредбите на овој закон не се применуваат на куќните помошници“ (чл. 2, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)