Теориската основа на моето интересирање за хаосот се наоѓа во следново: ако јас живеам во еден свет кој е уреден според некои закони, тогаш тие закони можат да се откријат.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Со законот од 2007 година странците кои согласно одредбите на овој закон можат да се вработат, самовработат или да работат во Република Македонија задолжително треба да поседуваат дозвола за работа и регулиран престој во државата, додека 112 лицето задолжено да ја регистрира нивната работа, истата треба да ја регистрира како работа на странец, согласно со одредбите на овој р закон, со определени исклучоци кои се однесуваат на извршување на услуги врз база на потврда за работа, прецизирани со законот, а кои се од краткорочен карактер (чл. 4, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
„Се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата“ (чл. 38, УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторатот се грижи за унапредување на инспекцискиот надзор и за стручно усовршување на инспекторите (чл. 4, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Издавање потерница може да се нареди кога постои наредба за приведување на лице кое се наоѓа во бегство, и тоа: 1) на осомничениот кој се бара поради основано сомневање дека сторил кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 2) на обвинетиот против кого е поведена кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 3) на осуденото лице кое со правосилна пресуда е осудено на казна затвор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата“ (чл. 37, УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Делот од добивката на ТД што му припаѓа на странско лице, односно износот во случај на делумно или целосно отуѓување на уделот или на акциите на странското лице може, по налог на странското лице, слободно, без дозвола, да се дозначи во странство во валутата на вложувањето ако друштвото располага со парично покритие, под условите определени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекциска заштита, односно интервенција во согласност со одредбите на овој закон може да побараат и лицата пријавени на јавен оглас заради вработување (чл. 16, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правата стекнати врз основа на вложувања на странски лица во ТД не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)