Со овој закон дојде до значително поголема регулација на полето на вработувањето и работата на странците во споредба со дотогаш- важечкиот закон од 1978 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
До првите промени во висината на казните предвидени за постапување спротивно на одредбите од овој закон дојде во 2001 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со единственото изменување и дополнување на овој закон дојде до продолжување на рокот во кој странката која ги добила предлогот и документацијата од надлежното министерство треба да се изјасни дали прифаќа мирно решавање на спорот; се донесе одредба која дополнително го ограничува правото на штрајк во дејностите од општ интерес во случај на колективен спор; целосно се избришаа правата на помирувачите, односно арбитрите на стручно усовршување, правото на плата и придонеси од задолжително социјално осигурување, а се укина и Републичкиот судски совет за мирно решавање на работните спорови.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)