Го закопавме со ордените на Тито, часовникот со синџирче, лулето, паричникот и руската шубара што сѐ уште ја барам на закачалката во станот во Ѓорче Петров, последниот дом што дедо ни не го доби од Сојузот на борците.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дупката што ја издлабив во ѕидот се чини води в неврат ако го изземеме удобното сврталиште на семејството стаорци и прилично згодно зацврстената закачалка во влажниот агол на која виси мало јато лилјаци.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Со полни усти се договаравме како ќе го направиме автенцето, како ќе го возиме и како ќе ни завидуваат другарите.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Намачкавме парамани со маргарин, земавме по парче сирење и шолја млеко. Брзаница лапавме.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Клучот од визбата висеше на ѕидната закачалка во ходникот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)