закана (имн.) - и (сврз.)

Поради тоа неминовно ги доживувал ладните „минималисти”, како што се Марсел Дишан и Роберт Морис, како закана и ги критикувал за да се дистанцира од нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На оддалеченост од педесетина метри - шлемови и гласни закани и пцуења.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најголемата и најтешка гениталија, неговото височество Мозокот, како ерогена зона не смее повеќе да подлегнува на никакви закани и притисоци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По откривањето на тајната врска, по закана и строга наредба на Султанот и по барање на тогашниот Шеих Ул Ислам, ја задавил својата голема љубов и своите деца (од 4 и од 7 години) во одаите на својот Сарај.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Толпа луѓе, мажи и жени, мислејќи дека веќе сум се вратил од кај црквата, се собрале пред куќата и извикувале закани и клетви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Полека се разијдуваа секој со кренати раце, со закани и со набрекнати модри жили на вратот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На заканите и принудата ќе одговори тивката решеност на оние кои со векови ги хранеле предците на оние кои сакаат да ги уништат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Раскажаниот сон остануваше како закана и тајна која не можевме да ја растолкуваме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)