заемка (имн.) - севап (имн.)

На инаетот и неговите деривати како злобата, зависта омразата, се спротивставува севапот, со неговите деривати како чувството на возвишеност, добрина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не сакаше да го запира работниот елан на својот пријател кој беше во нагорна линија, се согласи да продолжат да работат до исцрпувањето на листата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Камилски изнесе дека заемката севап во турскиот јазик (sebep), потекнува од арапскиот thehwab, во бугарскиот е присутен како себеб, во српскиот како себап, во ароманскиот како sibebi, во албанскиот како sebep, истакна: Како ретко кој два спротивставени поими инаетот и севапот можат да го објаснат менталитетот на homo balkanicus во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше очигледно дека Камилски ќе ја исполни нормата на денот продолжувајќи да ги толкува и останатите заемки севапот, атерот, аирот и ксметот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)