заднина (имн.) - на (предл.)

- За да свршиш курурска работа и да дојдеш во заднината на непријателот, мораш да бидеш млекар.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дали механичката надоградба на телото или генетското клонирање доведуваат до ретериторијализација на субјектот и ако да, до каква? Во заднината на тоа прашање е односот меѓу техниката (технологијата) и телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едноличното ритмично удирање на војничките чизми ја претставуваше заднината на Голдштајновото блеење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зеде една салфетка и почна да ги брише, а потоа истото го направи со приборот на нејзините деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нашата визуелна култура е опседната со млади, естетизирани, снажни, здрави тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не попуштам, туку и натаму гледам кон внатре: црвената се разлева, се разблажува, и некои жени, побледи, во розово, лежат, или се тоа нивните опуштени сенки, а бојата за која помислив дека задушува, сега е заднина на еден, во основа спокоен пејзаж.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Врзувајќи го сето тоа за мојата желба за играње со статистиката и со листите на работите, ете тоа би била заднината на целата моја филмска работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се понадевав дека можеби ако се опуштам и прво се истуширам ќе ми стане полесно, па се соблеков и кога во огромните блескави огледала си го видов стомакот испрчен врз заднината на болскавите плочки, се запрепастив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)