Извештајот, нужно редактиран од авторот, гласеше: „Со оваа строго доверлива информација, Ве известувам, другар комесаре, дека доверената ми задача овде каде што ме испративте ќе биде целосно извршена така како што од Вас е поставена,но се случи нешто кое Вие, а ако треба и Главниот штаб, мора да го знаете.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)