задача (имн.) - бев (гл.)

Нејзината задача беше да се пробие низ Источна Македонија и да избие на секторот: Куманово-Крива Паланка-Врање-Црна Трава-Лужница да се соедини со македонските, јужноморавските и косовските единици во овој реон и натаму да дејствува според ситуацијата. 124 PRO WO 202/406. 125 Дража. 126 Цветко Узуновски. 127 Добривоје Радосављевиќ. 128 Михаило. 129 Петар Брајовиќ. 130 Петре Богданов. 131 PRO FO 371/43739 R 21785. 132 Бригаден весник “Народен војник“, бр. 2/1944.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Задачата беше прекумерна, дотолку повеќе што процесите што таа ги подразбираше не можеа да се нарекуваат со нивните вистински имиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па и самиот Оддел за документација беше само еден огранок на Министерството на вистината, чија примарна задача беше не да го реконструира минатото, туку да ги снабдува жителите на Океанија со весници, филмови, книги, телекрански програми, драми, романи - со секој можен вид информација, упатство, или забава, од статуа до слоган, од лирска поема до биолошка расправа и од детски буквар до новоговорен речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секогаш кога ја прекинуваше работата за паузата за спиење, Винстон настојуваше да не остави на масата незавршена работа и секогаш кога ќе се довлечкаше назад, со залепени очи и сиот вкочанет, ја затекнуваше затрупана со нов куп книжни трубички што ја покриваа како снежен нанос, закопувајќи го говоропишувачот и претечувајќи на подот, така што негова прва задача беше да ги среди ролничките во колку толку уреден куп, за да си ослободи простор за работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најголемата секција од Одделот за документација, далеку поголема од оваа во која работеше Винсгон, се состоеше од луѓе чија задача беше само да ги пронаоѓаат и да ги собираат сите примероци книги, весници и други документи што беа исправени и што требаше да бидат уништени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На обајцата им беше јасно дека ова требаше да биде, всушност, последната меѓусебна сесија за конечно справување со балканските (без)опасни турцизми, пред да ја состават конечната листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со таква задача беше задолжен и Камилски, којшто овие зборови требаше да ги извлече од областа на архитектурата, урбанизмот, трговијата и занаетите, земјоделската терминологија, алатите, парите, мерките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа се случи за време на изведбата на Super Of­ ficial Manifestation of Neoism, кога Lazer седеше гол врз едно доста големо пијанино; моја задача беше инструментот сосе него да го избуткам неколку пати во круг низ салата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нивната задача беше само да ми посакаат здравје, љубов, среќа и да ме чува Господ на патот наречен живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговата задача беше завршена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Негова непосредна задача беше да тепа време сѐ додека не поверува дека би можел да се прибере во хотелот, малку да почита лижејќи и овој неуспешен ден да го одвали во минатото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Задачата беше сложена – свирката од еден краток и еден долг тон молеше за неколку поврзани дејства: змиулчето требаше да го најде лулето, да го земе меѓу запчињата и да му го донесе.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се покажа дека мојата најтешка задача беше токму да го откријам тој ред и да го разберам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Една од примарните задачи беше да се формираат секции на млади екологисти во сите училишта, што целосно е исполнето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Работното место на Лозановски беше одржувач на постројки, а повремено, ако за тоа имаше потреба, работеше и како котлар – доставувач на енергија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Друштвото во кое тој беше во редовен работен однос, „Топли- фикација Битола“ ДОО Скопје, е основано во 1999-та, од страна на монополското претпријатие „Топлификација“ АД – Скопје, кое денес е во приватна сопственост,2 а неговата задача беше да произведува и испорачува топлинска енергија на дел од терито- ријата на град Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)