завој (имн.) - на (предл.)

Германците и Бугарите, кога, во 1941-та, повторно ја завојуваа Потковицата, покрај што ги обезбедија сите завои, сите усеци и мостови на Битолско Џаде, па мостовите и завоите на Црна, и мостовите и усеците на железничката линија, Германците, сами, на Чауле поставија осматрачница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оттаму, во текот на целата војна, со топови бувтаа по сојузничките авиони што доаѓаа да ги бомбардираат нивните колонии што по Битолско Џаде и по железничката линија, преку Битола, се точкаа кон Солун а оттаму за Азија и Африка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потпирајќи се на една голема ластегарка и со завој на главата, под кој му стрчеа перчиња руси коси, тој застана пред војводата Питу Гули и, гледајќи го право в очи, го замоли да го прими во четата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Уплав го фати кога пред него помина долгата колона со ранети носени на носилки, а зад нив се влечат лесно ранетите со окрвавени завои на главите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Здрав сум, војводо, не ми е ништо... - рече Цепенко кога виде како војводата гледа во завојот на неговата глава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)