завеса (имн.) - од (предл.)

Зад завесата од роиштата лесни снегулки, тој ги гледаше отспротива буките, чудно искитени со дебели, снежни наслаги на гранките, во чуден сплет, во чудно испресечување на бели и црни линии што го создаваа вкрстените стебла и ветки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
При кревањето на завесата од оџакот излегува густ чад кој брзо престанува, а потоа се појавува на вратата баба Анча, која се обѕирнува зад себе си.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Згасна и последната светилка во мракот ѕвездите ги проголта густа завеса од облаци мракот ко надојдено море плиска по споменот гордоста ја побарав во тажните сништа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повремено ја тргнувам завесата од прозорецот и погледнувам надвор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)