Пол е неавтентичен и стерилен, неумолив лажго и фантазер, со заблуди за грандиозност.
Животот би си го дал за неприкосновената возбуда да помине една недела во стариот хотел Волдорф-Асторија во Њујорк, длабоко самопотврдно искуство што му дава „чувство дека искористил колку што можел, дека го проживеал животот за кој бил скроен“ (135).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
По малку старински направена
на долговечноста да потсетува
и на заблудите за Земјата:
дека постои до кајшто посега видот
дека топка неправилно заоблена е
око превртливо
и од Меркур поитро...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Го привлекува извештаченост во секој можен облик – што го навестува тврдењето на Зонтаг дека „суштината на кампот е неговата љубов кон неприродното: кон извештаченоста и претераноста“243 – и сјајно игра улоги.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Патуваш по границите рани, странични
на вселената – изведена смисла/свет
а таму душата лебди, бдее
бедеми бедни та раскошни
со плимата плиска
со осеката секне
секавично и ведно
гледаш и мижиш во длабините
и самиот длаб
на етерот бладање, сон на сенката
светилник на помрачението
блаженство во јадот
страст за питие
смрт и заборав
за лага и заблуда
за облик, опиум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)