забелешка (имн.) - дека (сврз.)

И се што му нарачаа донесе. Кога Митра направи забелешка дека Стојо не донесол поарни дарови, (а се знае: за да ѝ угоди на мајката), Доста застана на негова страна: — Арни се, арни сестрице Митро!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште повеќе се вчудовиди кога откри од една нејзина случајна забелешка дека не се сеќава оти Океанија пред четири години беше во војна со Истазија, а во мир со Евразија. Тоа малку го исплаши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И затоа секој што застанал и зјапи во витрините на кабарињата, на бистроата, во бутките со порно литература, во кафеаните каде што се нуди само голотија, во кината каде што се екранизират порно филмови и на чии влезови, за пропаганден ефект, задолжително стои забелешка дека „гледањето на филмот е строго забрането за луѓе под 18 години“, е некој дошлак во Париз, некој турист и гостин од некоја странска замја, кој можеби дошол тука, на „Пигал“, за да каже, кога ќе се врати во својот крај, дека бил на „Пигал“, зашто се смета дека тој е еден од симболите на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Утредента само ми прати порака за благодарност со забелешка дека си поминал одлично.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Холанд започнува со забелешката дека постои, се разбира, философија создадена од жени, како што постојат и феминистички критики на философската традиција и феминистички приоди кон општите места во философијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Второ, ќе се спротиставам на некои филозофски забелешки дека ВИ во принцип е невозможна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од оваа слика неизбежна е забелешката дека уплашеното и корумпирано македонско судство и гнилото раководство на фабриката дејствуваат во корелација. 1.  Интервјуто го водеше Стефан Бошковски, на 26.II.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5 А како резултат на тоа, како и на злонамерното и буквалистичко толкување на законите – на овие работници, кои се во незавидна финансиска состојба, за џабе им пропаѓаат и не така незначителните суми од околу 50 ЕУР за уплатените судски такси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Помеѓу реченицата G и теоремата на Гедел, секако, не може да се стави знак за еднаквост, исто како што не може да се изедначи реченицата на Епименид со забелешката дека „Реченицата на Епименид е парадокс“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Притоа кон изреченово ќе ја придодадам уште и забелешката дека мене најмалку ми личи ваквиот приговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во поттекстот на нејзините напомени (на пример онаа нејзина забелешка дека: дека ќе постапам умно ако се обратам за совет и кај Даскалов) како да ми беше понудила за некои нешта и самиот да одлучувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ваквото право го открив токму во тоа нејзино упатство: дека би можел да побарам совети од нејзиниот пријател за решенијата околу кои се двоумам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност токму оваа помисла ме наведе да поверувам дека со моите заклучоци нешто не е вред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Имаш право, не ти личи! – Даскалов многу лесно се согласи со мене. – Доволно долго живеевме за да можеме да сметаме дека безгрешните се уште не се родиле.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во еден момент дури ми се причини дека може да се случи гласно да ја искажам забелешката дека Даскалов се однесува некако чудно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, секако е во право кога го забележува постојаниот одбранбен рефлекс што денес веднаш го поттикнува секоја забелешка дека „родово отклонетото“ или „родово атипичното“ однесување можеби е дел од машкиот геј-идентитет – трансфобичен рефлекс за кој пријателон од Анаполис претставува совршен пример.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако не била заклучана и ако не бев тропал на таа иста врата (можеби со денови), зошто на многу места на десната дланка заедно со болката израснале и плускавици, слични на зрна од црно грозје?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
2. Ако сте го прочитале упатството за Асенета под точката 2, тоа се однесува и на вас, па еве го сонот што Вам ви се задава за спомнатите цели, со забелешка дека тоа е машки сон и дека јас го сонував, па најверојатно ќе можете и Вие да го сонувате, Аристине...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На масата садовите се поставени наопаку, но не паѓаат, чинијата полна јадење, виљушка, лажица и нож, парчиња леб и чаша ракија од суви сливи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)