заб (имн.) - му (зам.)

Тој се придигаше со мака, нозете му се тресеа, а рацете ги свиваше над глава како за одбрана. Од носот и од забите му течеше крв.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го лекувале, прашоци во забот му дувале, на грб го легнувале и самите се превртувале.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А царот мака го фатила, врз забот му легнале најстрашни патила.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Забите му се стегнаа. Сакаше да плукне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му беше многу ладно, се тресеше неконтролирано, забите му штракаа, солзи му течеа по образите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гледај, говореше додека забите му растеа невозможно брзо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Усните на Михајла трепереа нагоре-надолу и забите му се покажуваа готови да скинат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа го виде руното од бело крзно на грбот на мачорот, како се згрчува, и во следниот миг мачорот беше седнат на задните нозе, а забите му беа откриени, злобно ржеше и дивјачки удираше со предната шепа во воздухот кон неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Виснатите мустаќи му биле црвени. Од ноздрите и од устата со долги заби му бликале крв и јад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Последниот заб му гниел во коренот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бојан не знаеше што да прави со рацете. Му трепереа. И забите му чукаа. Како да е сред зима.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трпки му лазеа по телото. Забите му штракаа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И забите му се наредени ко пченица и цела уста, бре, зошто да кријам, цела уста му е некако ко изворче полно со белутраци. Така ми гледаа тогаш очиве.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На еден бабинец и заб му скрши и тој забот си го плукна в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)